Утрински Весник
Македонија

Одбележување на 20-годишнината од смртта на Петре М. Андреевски

Image 2026 09 23 091226910.png

У Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе ја одблежи 20-годишнината од смртта на големиот македонски поет и писател Петре М. Андреевски, кој со својот збор длабоко се вкорени во македонската книжевност и во нашето колективно паметење

Петре М. Андреевски еден од најзначајните автори во современата македонска книжевност не пишуваше само за своето време. Пишуваше за човекот, за Македонија, за јазикот, за корените и за она што останува и тогаш кога времето се обидува да го избрише.


Преку пригодна програма, книжевна поставка, тематски осврти и читање избрани стихови и текстови, ќе се оддаде почит на ликот и делото на Петре М. Андреевски и ќе се потсетиме на неговото трајно значење за македонската поезија, литература и култура, велат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Можете да прочитате

ЛДП: Детските приказни и Американскиот сон

Фадиљ Пушкољи приведен во Македонија, неколку часа подоцна ослободен

Јаневска: Двата недовршени објекти на УКИМ ќе бидат за ФИНКИ и ќе се поврзат со мост