Утрински Весник
Македонија

Светска екслузива што ќе се памети: Оскаровецот Воли Фистер со гитара во рацете испиша историја на „Браќа Манаки“

51011c9d df72 4391 b2eb 81bcecbe96b3.jpg

Светот ќе зборува за ова, Битола беше центарот каде што филмската уметност се судри со чистиот рок. Битола денеска сведочеше на  историски момент каков што светот досега нема видено, а му се случи токму на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”. Учесниците и гостите на 47. издание на фестивалот беа сведоци на вистински медиумски бум – американскиот визуелен генијалец, Воли Фистер, излезе од зад објективот и ги замени рефлекторите со жици!

Човекот кој ги потпиша култните кадри на Inception, The Dark Knight и Memento, годинава во Битола ја има улогата на претседател на жирито за „Камера 300″, но денес се појави во издание кое ги воодушеви сите. Лауреатот кој минатата година ја прими „Специјалната Златна камера 300″ покажа дека неговата креативност нема граници –оскаровецот зеде гитара во рацете и приреди ексклузивен музички настап.


Заедно со Алек Секуловски, Фистер на бината пред Офицерскиот дом во Битола ја откри својата малку позната, но длабока страст кон музиката. Ова не беше обичен настан, туку чиста енергија и експлозија на уметност каква што за првпат се случува на еден филмски фестивал. Оваа холивудска ексклузива дефинитивно ќе се прераскажува со години.

Можете да прочитате

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња 

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми

Охрид по 11 години ќе го добие затворениот базен, обезбедени 470 милиони денари за довршување