Утрински Весник
Македонија

Меџити: Локацијата во Битола сега има околу 50 диви дипонии, идејата е да се направи една по европски стандарди

Deponija.jpg

Локацијата во Битола сега има околу 50 диви дипонии, а проектот предвидува една нова локација во рамки на директивите на ЕУ, во рамки на РЕК Битола. Средствата се добиени и нема негативни ефекти врз животната средина, изјави вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Одговарајќи на прашање од пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ, Меџити рече дека идејата е за пристап до оваа депонија да се изгради нов пат, што нема да минува низ Битола, туку ќе минува околу и ќе биде во функција на повеќе општини.


– Избраната локација е во рамки на РЕК Битола, внатре. Локацијата во моментот има над 50 диви депонии и идејата е тие да се елиминираат и да се создаде една депонија по европски стандарди. Моменталната локација која ја користи Општина Битола ги загадува воздухот, водата и почвата, а новата локација ќе биде во рамки на Директивите на ЕУ за депонијата и законите во државата. Средствата се обезбедени и оваа локација нема негативно да влијае врз амбиентот. Новата депонија нема да предизвика загаденост, туку ќе направи елиминација на 50 диви депонии, посочи Меџити од собраниската говорница.

Ова, нагласи Меџити, е прва фаза, и треба сите да собереме сили и средства да влеземе во втора и крајната фаза, што значи и рециклирање на отпадот.

–  Ние сме во комуникација и со единците на локална самоуправа и со регионите и нема ништо да се направи што не е во интерес на граѓаните и животната средина. Истиот пристап е со сите регионални депонии на републичко ниво, порача Меџити.

Проектот за депониите, посочи Меџити, се финансираат со средства од Европската банка за обнова и развој и Европската банка за инвестиции.

–  Овие проекти се почнати во минатата Влада и динамиката е многу поинтензивна. Сега се работи интензивно и во првиот проект со општините досега сме постигнале да реализираме над 15 проценти, а сме почнале од 0 проценти, посочи Меџити.

Прашан за излевањето во Крива Паланка, Меџити рече дека, Инспекторатот за животна средина директно изрекол највисока казна за фирмата и се чекаат дополнителните аналзии за да се види конкретната ситуација. – Во моментот кога ќе се добијат информациите, инспекторатот ќе излезе на прес-конференција, да се опише детално, изјави Меџити

Можете да прочитате

Пристигна биолошката терапија на Клиниката за онкологија, потврдија од таму

Во Алијансата за Албанците не размислуваат сите како Таравари, тврди Меџити

Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство