Утрински Весник
Свет

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Ees.webp.webp

Патниците кои планираат да влезат во Европската Унија повторно би можеле да се соочат со подолготрајни задржувања на границите, бидејќи денеска истекува периодот на флексибилна примена на Европскиот систем за влез и излез (ЕЕС).

ЕЕС предвидува електронска регистрација на државјаните на земји што не се членки на ЕУ и собирање биометриски податоци, вклучително и отпечатоци од прсти. Системот го замени класичното удирање печати во пасошите при влез и излез од Шенген-зоната.

Со тоа што Европската комисија не го продолжи рокот за флексибилен режим, се намалуваат можностите граничните власти привремено да го суспендираат читањето биометриски податоци на одделни гранични премини во случај на големи гужви и долги чекања.

Лондонски „Гардијан“ повикувајќи се на повеќе упатени извори, пишува дека сепак некои земји-членки на ЕУ и натаму нема да ги применуваат целосно биометриските проверки, особено на одделни преоптоварени гранични премини.

Воведувањето на системот предизвика значителни гужви на некои европски аеродроми и гранични премини, поради технички проблеми и подолгото времетраење на проверките.

Европската комисија соопшти дека е во контакт со земјите-членки кои имаат потреба од дополнителни оперативни приспособувања и оти е подготвена да им помогне во спроведувањето на системот.

Можете да прочитате

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Франција заедно со средношколците и студентите