Утрински Весник
Скопје

Мицкоски: Условите на делницата Зелениково – Скопје се европски, продолжуваме со проектите за кои ја добивме довербата од народот

Image 2026 09 02 131429458.png

Условите во кои ја поминавме делницата од Зелениково до центарот на Скопје се навистина европски. Со ова не ги ревашаваме сите проблеми што ги имаме, но ова е чекор напред во делот на решавање на дел од проблемите во транспортот и животната средина, загадувањето, имајќи предвид дека пред нас се грејната сезана и предизвиците што со неа доаѓаат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски откако со Градскиот воз пристигна во Скопје од железничката станица во Зелениково. 

Мицкоски беше придружуван од вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и претставници на медиумите.

Според него, една година е прилично брз период за да се реализира овој проект.

-Продолжуваме да ги реализираме проектите за кои сме ја добиле довербата од народот. Тоа е многу важно зашто преку реализацијата на проектите стекнувате кредибилитет, а преку кредибилитет ја менувате перцепцијата на државата и системот што го управува Владата, потенцира Мицкоски. 

Тој оцени дека сега, за многу кратко време ќе се стигнува од Зелениково до Скопје.

Како што претходно рече директорoт на ЈП „МЖ Инфраструктура“ – Синиша Ивановски, од Зелениково до Скопје и обратно се стигнува за неполни 25 минути. Има 25 километри реконструирана железничка мрежа, повеќе станици и постројки. Возовите без никаков проблем гравитираат со брзина од 80 километри на час, а некаде и со 100 километри на час. Има и 11 патни премини, а на секоја станица ќе има и паркиралишта за велосипеди.

Можете да прочитате

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Четвртоодделенците во Аеродром и годинава добиваат таблети

Во сабота авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје