Утрински Весник
Свет

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани

Tramp 3.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека иранското раководство треба да биде изведено пред суд за злосторства против човештвото, обвинувајќи ги властите во Техеран за убиство на повеќе од 100.000 демонстранти.

„Тие мора да бидат изведени пред суд за воени злосторства против човештвото“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“.

Тој го опиша Иран како „официјално пропадната држава“, со раководство кое е во „целосен хаос“.

„Тие немаат морнарица, немаат воздухопловни сили, немаат валута“, тврди американскиот претседател.

„Мртва е“, рече тој, посочувајќи дека единствените преостанати средства на Техеран се „лажните вести“ за САД и „подготвеноста да ги убиваат своите демонстранти“, притоа повторувајќи го тврдењето дека бројот на загинатите демонстранти изнесува 100.000.

Инаку, досега нема независна потврда за наводите на американскиот претседател дека во протестите во Иран загинале 100.000 лица.

Можете да прочитате

Трамп: Марин Ле Пен е конзервативниот глас на Франција, насилството е поврзано со имиграцијата

Кремљ: Подготвени сме да преговараме со Украина за крај на војната

Политико: АфД ќе предложи радикални промени во институциите на ЕУ