Утрински Весник
Македонија

Седумнаесет години од хелихоптерската несреќа во Катлановско Блаце

20250111112558 Big 730x400 26.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во Катлановско Блаце утре ќе се одбележи седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре ќе положат венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце.


Припадници на воздухопловниот ВИНГ ќе положат свежо цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Во хеликоптерската несреќа, пред седумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично ги изгубија животите потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница