Утрински Весник
Македонија

Во мај ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти кандидатите за градоначалниици

Mickoski 2.jpg

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека кандидатите за градоначалници за претстојните избори, неговата партија ќе ги соопшти во месец мај.

Конечна одлука за тоа кои ќе бидат имињата на кандидатите за градоначалници, Мицкоски вели сè уште не е донесена, но, како што рече, во тек е внатрепартиска дебата и од страна на општинските комитети веќе се пристигнати предлог-имињата кои треба да се најдат на претстојните анкети и мерења.


– Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов направи голема разлика, кога би се споредило со неговите претходници и тука очекувам така да продолжи во периодот пред нас. Што се однесува до останатите кандидати за градоначалници во другите општини низ Македонија, сè уште како партија и коалиција не сме донеле конечна одлука кои ќе бидат имињата. Во моментот во тек е внатрепартиската дебата и од страна на општинските комитети се пристигнати предлози и имиња кои што треба да се најдат на анкетите и мерењата, посочи Мицкоски.

Анкетите, додаде, ќе започнат да ги спроведуваат во втората половина од месецов и како што рече, очекувањата се во мај да бидат соопштени до 90 отсто од мерењата.

– Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интензивно и очекувам во втората половина од мај 85 до 90 отсто од мерењата да ги соопштиме на граѓаните за тоа кои ќе бидат кандидатите за градоначалници, додаде Мицкоски

Редовните локални избори ќе се одржат во втората половина од месец октомври.

Можете да прочитате

Рудар тешко повреден додека извшувал работни задачи

Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен 

ВРЕДИ: ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција