Утрински Весник
Економија

Од полноќ големо намалување на цените на горивата

Goriva.png

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51% во однос на одлуката од 2.11.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување
и тоа во просек кај бензините за 12,340%, кај дизелот за 6,785%, кај екстра лесното масло има намалување за 7,834% и кај
мазутот намалувањето е за 13,816%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5247%.


Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 10.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 103,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,312 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 7,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 5,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 6,261 ден/кг и сега ќе изнесува 49,312 ден/кг.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.11.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

Статистиката предупредува: Рударството бележи пад од 7,7%, потребен е нов пристап

Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји

Разлика од 29,3 процентни поени меѓу споредуваните периоди кај нискоградбата