Утрински Весник
Македонија

Вечерва се врши аеросолизација во Куманово

8 5 Qyr43kxrpisia8j2eydvmdhsjcgio57e4et5yfuy74.jpg

Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје како мерка за намалување на загаденоста на воздухот, објави на својот „Фејсбук“ профил градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Граѓаните низ земјава продолжуваат да дишат токсичен воздух, а бројките од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат висока загаденост во повеќе градови низ државава.


Според мерењата, вечерва најзагадено е во Струмица со 343 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, по што следува Охрид со 336, Кавадарци со 273 и Куманово со 187. Висока е загаденоста на воздухот и во Кичево, каде што се измерени 120 ПМ2,5 честички и во Гостивар со 121.

Граѓаните низ земјава продолжуваат да дишат токсичен воздух, а бројките од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат висока загаденост во повеќе градови низ државава.

Можете да прочитате

ЈП „Улици и патишта“ го обвинува Мицкоски за протестите на нивните вработени

Обвинителството се откажа од гонењето на Дрин Ахмети

Имињата на Ацо Шопов и на Мито Хаџи Василев – Јасмин поврзани со уште една нишка