Утрински Весник
Македонија

Автомобил се судри со трактор, едно лице загина – Страшна несреќа на патот Струмица-Валандово

Skreseno Staklo Soobrakajka.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 05.10.2024 во 20.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода Х.Д.(33) од Струмица.

Тој на 05.10.2024 во 06.40 часот на регионален пат Струмица-Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, управувајќи патничко возило „фиат” учествувал во сообраќајна несреќа со трактор „имт” со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана приколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино, по што Х.Д. го напуштил местото на настанот.

Во сообраќајната несреќа на местото на настанот починал Г.Б.(51) од село Костурино, а со телесни повреди се здобил Т.Б.(54), од село Костурино, кои се превезувале на полуприколката.

Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. Х.Д. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски

ВМРО-ДПМНЕ: Стари кадри од време на Заев, Филипче ги претставува како нови лица