Утрински Весник
Македонија

Иџе ограбен во Словенија – 24info.mk

Screenshot 2024 09 01 145250 850x491 1.jpg

Игор Стефановски со големи амбиции се упати кон Словенија на трката во Илирска Бистрица, но после доброто издание на првата сесија, Македонецот самиот објави дека е неизвесен за втората трка.

Популарниот Иџе се избори за уште еден подиум на Европскиот шампионат на ридски патеки, меѓутоа освоеното трето место сепак не му носи доволно голема сатисфакција.Причина за тоа е кражбата која ја претрпел неговиот тим во Словенија, поради што неговите механичари сега се оневозможени да ги променат гумите за влажна патека.

– Прва трка, 3 то освоено место , но за жал поради кражбата која ни ја направија утрово на алатот за промена на гумите и дождот кој почна да врне на стаза, можеби нема да бидеме во можност да возиме на втората трка. Не можеме да промениме гуми за дожд на автомобилот, – порача Стефановски.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим