Утрински Весник
Македонија

Давкова сакала да додаде РС Македонија на венецот, но немало место на лентата

Si Anovska Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Силјановска Давкова објасни зошто на венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија во Рим, не го пишувало името на земјата.

„Тие лентите не се големи, разговаравме во кабинетот, имавме различни мислења, на пример јас мислев дека може „РС Македонија“. Немаше простор, но на крајот рековме дека јас сум на чело на делегацијата, да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам – логични сме. Македонија ја претставувавме таму. Но во време, по мојот говор и избегнувањето на официјалното име и опредлеувањето за името Македонија како слобода на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Мислам дека тоа не е проблем и негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, одговори Силјановска Давкова.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор