Утрински Весник
Македонија

Мицкоски – Памер: Идната влада ќе работи на засилена соработка на економско поле помеѓу двете држави

Slika 1 2.jpg

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Претседателот Мицкоски му се заблагодари на г. Памер за поддршката која Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.

Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период истакна претседателот.

Воедно беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.

Можете да прочитате

Шокантен случај: Македонец правел грабежи за да биде уапсен во Швајцарија

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари