Утрински Весник
Македонија

Судијата Георгиев се жали на притворот, Иџет Мемети утре пред Кривичен

Idzet Memeti.png

Адвокатот на врховнот судија Наке Георгиев поднесе жалба, а заменик претседателот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети негира инволвираност во аферата за земање поткуп од 10 илјади евра.

Во жалбата што бранителот на Георгиев ја поднел до кривичниот совет навел повеќе аргументи меѓу кои и тоа дека не требало да добие притвор затоа што ниту за обвинителството не постоела опасност дека ќе избега. Адвокатот Тумановски смета дека не може да  стане збор ниту за опасност од повторување на делотото затоа што  Судскиот совет го суспендираше Георгиев од работното место.

-Поднесена е жалбата со која бараме поблага мерка бидејки притворот не е определен поради опасност од бегство а за другите две точки по кои се опредлеува притворот, судот имал на располагање други мерки за обезбедување на судијата Наке Георгиев кои не ги искористил согласно член 144 од ЗКП, изјави Александар Тумановски, бранител на Наке Георгиев

Мемети  утре треба да се појави во Кривичен, каде судија на претходна постапка ќе одлучува по барањето  на обвинителството да му се определат мерки на претпазливост, одземање на пасош и редовно јавување во суд. Обвинителството се одлучи за поблаги мерки за него со објаснување дека доказите не даваат основа за да предложат најстрогата мерка, притвор.

Од Советот на јавни обвинители каде Мемети е заменик претседател најавија дека следната недлеа ќе одржи сединица или ќе излезат со соопшетение.

Во Врховен вчера на седница претседателеката  Беса Адеми, ги информирала колегите за започната кривична постапка против Георгиев, за неговата суспензија, преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот.

Обвинителството ги сомничи двајцата функционери од правосудството дека за 10 илјади евра лажно ветувале погодности за Стојчев обвинет во предметот познат како Чибук, за шверц со марихунана. Остана  нејасно за какви погодности станува збор. Телма вчера објави дека денот кога беше уапсен врховниот судија,  Кривичен му ја потврдил спогодбата на  Стојчев од  5 години и 3 месеци.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова:Ја поддржуваме Украина и на најсилен можен начин ја осудуваме Русија

Сиљановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем

Мијалков се огласи на Фејсбук