Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи – Можно е невреме, додека температурите ќе бидат под просекот за средината на месец мај

Messenger Creation 69d48252 1393 4286 9124 Afe76dc0b076.jpeg

Денес поплдне особено во западните  и во југозападните предели од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста  и за ретка појава на град. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје  и околината очекуваме претежно стабилна Атмосфера, а температурата денес во Скопје ќе се искачи до околу 25 степени.

Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, утре  и во среда на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Утре попладне на повеќе места ќе биде  и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава  и на невреме.

Што се однесува до температурите , од утре до четврток тие ќе бидат под просекот за средината на месец мај и ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е да се искачат малку над 20 степени. Појава на локален дожд ќе има  и во четврток.

За време на овој влажен бран, локално се очекува да наврне поголемо количество на воден талог (над 20 л/м2).

Можете да прочитате

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

Владина делегација во работна посета на Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО

ССМ утре ќе го блокира Собранието