Утрински Весник
Спорт

Лазаров: Ова е еден од моите најсреќни денови во спортската кариера

Lazarov.jpg

Македонската машка ракометна репрезентација продолжува во континуитет со настапите на големите натпреварувања. Македонија откако беше подобра во двомечот против Фарски Острови ќе игра и на Светското првенство кое од 14 јануари до 2 февруари 2025 година, а ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Македонските ракометари во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се вратија од отпишаните откако на првиот меч во Торшавн беа поразени од Фарски Острови (34:27). Ја анулираа предноста на противникот. Во Скопје беа подобри за гол-повеќе (34:26), иако по убедливиот пораз беа цел на критики. Јавноста побара оставки, не беа поштедени ниту ракометарите. Селекторото Кирил Лазаров смета дека неговите избраници покажале карактер и го заслужиле местото на големото натпреварување и покрај тоа што за противник имале незгоден ривал. -Ова е еден од моите најсреќни денови во животот во спортската кариера. Не е лесно да ги мотивираш ракометарите, посебно затоа што добиваме големи критики од јавноста. Големите шампиони знаат како да го преживеат притисокот. Даваме срце и душа за Македонија, па поради тоа барам само малку почит, особено кога ќе згрешиме затоа што грешки прават и други големи спортисти, вели Лазаров.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл