Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Resen 6.jpg

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска од Ресен истакна дека Христијан Мицкоски е наследник на Ванчо Михајлов, имајќи предвид дека тој самиот вели дека неговата партија е наследник на историското ВМРО.

,,Има една изјава од сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пред некој месец во однос на бугарските клубови кои се отвораа. Вели: ,,Имаме проблем со отворањето на бугарскиот клуб кој е неречен Цар Борис, ние сме против тоа, треба да се преименува. Но немаме против бугарскиот клуб кој го коси името на Ванчо Михајлов”. Зошто? Затоа што вели: ,,Ние како политичка партија сме наследници на историското ВМРО”. Што значи дека Христијан Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов. На здравје”, подвлече Пендаровски.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија