Службите за итни случаи во Газа извлекоа тела на 50 Палестинци од масовна гробница во медицинскиот комплекс Насер во градот Кан Јунис, две недели откако израелските сили се повлекоа од областа, пренесува Ал Џезира.
Како што е наведено, во последниот бран израелски напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, загинаа 16 Палестинци, меѓу кои една бремена жена и шест деца.
Според Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под управа на Хамас, од 7 октомври минатата година во израелските напади врз Газа загинале најмалку 34.049 Палестинци, а 76.901 биле ранети.