Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Николоски да не е пратеник не може да заработи за леб, а Филипе може да биде хирург каде сака во светот

A97a891f Ef5a 4fc2 9329 F2d2cd09dac6.jpeg
Ss2

Во рамки на караванот за претстојните претседателски избори, кандидатот за претседател Стево Пендаровски на СДСМ и Коалицијата за европска иднина вчера беше во Радовиш, каде во своето обраќање се осврна и на својот сопартиец и кандидат за пратеник во ИЕ 4, д-р Венко Филипче.

Пендаровски ги спореди носителите на листи во Изборна единица 4 на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче и Александар Николоски, посочувајќи дека Филипче може да работи каде сака во светот за разлика од Николоски на кој партијата му давала плата.

Ss1

„Нашиот, вашиот против кандидат во оваа изборна единица целиот свој живот бил на државни јасли или на партиски јасли. Нема еден ден работен стаж надвор од тоа. Партијата му давала работа, партијата му давала плата. Ако не е партијата не може да заработи за леб“, посочи Пендаровски и додаде:

„Сосема различен од нашиот Венко Филипче кој сега да посака може да биде хирург каде сака во светот и за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател.“

На митингот Пендаровски рече и дека д-р Филипче изминатиов период покажал дека и кога не е на функција може да се најде секому и во секое време.

„Беше достапен 24/7 и јас и мојата сопруга и моите соработници секојпат сме го барале. Во 3 на полноќ знаел да се јави и да дојде. За него немаше работно време и не само во време на Корона во било кое време и пред 2019. Денес да го побарате повторно ќе го најдете“, рече тој пред радовишани.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани