Утрински Весник
Македонија

Маратон „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“

20240401190510 Big 730x400 14.webp.webp

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ.  

Маратонот е под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“. Стартот на маратонот ќе биде во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар,  со крајна цел до Владата.

По завршување на трката, како што е најавено, ќе се одржи мирен протест пред Владата со цел подигнување на свеста во државата за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ.

– ФИНКИ изминатиот период оствари повеќе средби со надлежните институции и се надева на позитивен исход и исполнување на дел од барањата, кои ги поставивме на минатиот протест одржан пред Владата, се вели во најавата од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Можете да прочитате

Мицкоски: Имам доверливи информации зошто Груби не бил испратен во „Шутка“, но не можам да ги објавам

Трендафилов: Ако мислат дека со притисоци и снимки ќе не замолчат – се лажат

Стојаноски: Владата ќе има системска борба наместо привремени мерки за запирање на поскапувањата