Утрински Весник
Скопје

Општина Центар со нова услуга: Со еден клик до извод од ДУП

Whatsapp Image 2024 03 12 At 10.52.30 92bf023e.jpg
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Услугата вадење на извод од ДУП е достапна за сите регистрирани корисници на ГИС порталот на општина Центар односно на (географскиот информациски систем). Со регистрација на  https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map, или преку страната  на Општина Центар https://www.centar.gov.mk активна е опцијата  за електронско поднесување барање за извод од ДУП, со што се олеснува и забрзува процедурата, без беспотребно чекање по шалтери.

Регистрираниот корисник треба да го внесе бројот на катастарската парцела во алатката Нарачај извод и да ги внесе потребните податоци.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Изводот се плаќа електронски и во рок од 5 дена истиот се добива по електронски пат, односно ќе пристигне на е-маил адресата на барателот.

Општина Центар потсетува дека со регистрација во ГИС-от корисниците добиваат и пристап до сите важечки детални урбанистички планови и пребарување на градежните и катастарските парцели, за полесно лоцирање на потребниот простор.

Воедно, на корисниците им се овозможува подетален преглед на ДУП-овите, со важни информации како што се: намена на градежните парцели, површината за градење, катноста, процент на изграденост, изработувач на планот, година на донесување.

Со регистрирање на  ГИС порталот на Општина Центар, на граѓаните им се дава можност да се вклучат со свои идеи и барања во процесот на урбанистичкото планирање. Со избирање на точката од интерес, регистрираните корисници навремено ќе бидат информирани за организирање јавна анкета и јавна презентација на конкретниот ДУП за кој се заинтересирани.

За полесно менаџирање со основните училишта и градинки, кои се под надлежност на општината, ГИС-от е надграден со модул образование и реонизација, кој  ги содржи основните податоци за истите.

Општина Центар е првата општина која го воведе ГИС системот и од тогаш континуирано работи за надградба и усовршување на ГИС технологијата, се со цел поголема транспарентност пред граѓаните, побрз пристап до информации, подобро управување со истите и поголема ефикасност во оперативното работење на секторите.

Можете да прочитате

Град Скопје го одбележа Денот на македонските пожарникари – лошите услови во кои работат и натаму непроменети

Во Автокоманда ќе се одбележи Светскиот ден на пчелата

„Вози право, вози здраво” осми пат низ скопските улици