Утрински Весник
Македонија

Шумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командир

Image 2026 11 16 160430227.png

На свеченост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа доделени уверенија за завршена шестмесечна обука на 81 шумски полицаец и на еден заменик-командир.

Министерот Серафимовски посочи дека засилувањето на Шумската полиција со нови човечки ресурси доаѓа на почетокот на грејната сезона, кога се очекува поголем притисок врз шумите.


Тој истакна дека со вклучувањето на новите полицајци, Шумската полиција ќе може да спроведува повеќе контроли за да ја спречи бесправната сеча и да открива случаи на превоз и продажба на дрва од незаконско потекло.

„Законот треба да важи подеднакво за секого, без оглед на името или функцијата. Држете се до фактите и постапувајте во рамките на своите законски овластувања. Ја имате целосната моја поддршка во борбата против криминалот со нашето шумско богатство”, им порача министерот Серафимовски на новите припадници на Шумската полиција.

Можете да прочитате

Филипче: Власта ја оддалечува државата од ЕУ, младите ја бараат иднината токму таму

Хаџи Василева: Интегритетот на обвинителите е клучен во справувањето со влијанијата

Оперативните искуства од истрагите на Царина и останатите органи за спроведување на законот основа за SOCTA 2027