Утрински Весник
Свет

„Политико“: Бајден ќе ja преразгледа помошта за Израел во случај на инвазија на Рафа

D0b1d0b0d198d0b4d0b5d0bd D19cd0b5 D181d0b5 D0bfd0bed0b3d180d0b8d0b6d0b8d0bcd0b5 D0b7d0b0 D0bad0b8d0bdd0b5d181d0bad0b8d0bed182 D188d0bf 63dec889c3853.jpeg

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе размисли за условување на воената помош за Израел доколку земја изврши голема инвазија на Рафа, во Појасот Газа, пишува „Политико“, повикувајќи се на четворица упатени американски претставници.

Според порталот, фактот дека Бајден ќе го земе предвид овој чекор ги одразува екстремните тензии во неговите односи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ги отфрли „посуптилните напори на администрацијата на американскиот претседател да ја контролира ситуацијата во Газа“.

Иако Бајден не донел никаква одлука за ограничување на идните трансфери на оружје, официјални лица рекоа дека тој може да го стори тоа доколку Израел почне нова операција што дополнително ги загрозува палестинските цивили.

Еден од функционерите истакнал дека Бајден „дефинитивно размислувал“ за укинување на помошта.

Бајден дал различни назнаки за тоа што мисли за идната продажба на оружје на Израел, наведува „Политико“ и потсетува дека минатата година американскиот претседател ја нарече идејата за условување на воената помош „вредна за размислување“.

Можете да прочитате

Десетици илјади Палестинци бегаат од Рафа

Силен земјотрес го погоди Тајван

Студентите во Бразил се приклучија на глобалниот протест за Газа