Утрински Весник
Свет

Ирачката војска предупредува дека американските напади може да доведат до „страшни последици“

1706951221 Unnamed File.webp.webp

Портпаролот на ирачката војска изјави дека американски воздушни напади биле извршени врз ирачките погранични области, предупредувајќи дека нападите би можеле да предизвикаат нестабилност во регионот.

Портпаролот на ирачката војска Јахја Расул наведе во изјавата дека нападите се кршење на ирачкиот суверенитет
„Овие воздушни напади претставуваат кршење на ирачкиот суверенитет, ги поткопуваат напорите на ирачката влада и претставуваат закана што може да ги доведе Ирак и регионот до страшни последици“. 
Белата куќа објави дека САД ги информирале властите во Ирак дека ќе бидат извршени напади. 

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека: “Нашиот одговор започна денеска. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор.  САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот“.

Можете да прочитате

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп