Утрински Весник
Македонија

Од март директна авионска линија Дубаи–Скопје три пати неделно

Photo 2026 10 15 10 38 24.jpg

Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала.

На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно.


Во фокусот на разговорите беа можностите што директната авиолинија ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји.

Министерот Муцунски оцени дека воспоставувањето на директната линија претставува конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра меѓународна поврзаност.

Воедно, беше истакната значајната улога на Амбасадата во Обединетите Арапски Емирати во остварувањето на оваа цел, преку посветена и континуирана работа во изминатиот период.

Можете да прочитате

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип

Наумоски: Доста е театар – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

Буџетот и границата дупнати како швајцарско сирење, каде е Мицкоски, каде се одговорите? прашува СДСМ