Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Дваесетина пожари на отворено изминатите 24 часа

Според извештаите на регионалните центри за управување со кризи во државава се уште има пожари на шуми и на вегетација на отворено. Во последното деноноќие имало дваесетина пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта  и запалени контејнери на отворено на територијата на државата, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Регионалниот ЦУК Скопје, известува од  БППЗ на Град Скопје дека во период од 13:30 до 16:20 часот, со тројца пожарникари и  едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација, ѓубре и трска на површина од околу 3.5 хектари во атарите на селата Петровец и Ржаничино (Општина Петровец). Пожарникарите во Скопје имале уште две помали интервенции во изминатото деноноќие.
 
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарникарите од ТППЕ Валандово од 13:05 до 15:55 часот, со две противпожарни возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и овоштарник на површина од 3 хектари кај месноста „Извор“ кај село Собри.

Во период од 15:50 до 16:25 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена трска и капини на површина од 0,1 хектари кај месноста „Мичкин мост“ кај село Брајковци. Во период од 16:30 до 18:05 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена депонија и капини на површина од 0,3 хектари на кај месноста „Калковска река“ близу село Јосифово.    

Пожарникарите од ТППЕ Струмица, од 14:55 до 16:20 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Моноспитово (Општина Босилово). Во период од 18:15 до 19:25 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Дукатино (Општина Босилово).

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека пожарникарите од ТППЕ Кочани од 14:15 до 15:55 часот, со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки во близина на село Грдовци на магистралниот пат Штип – Кочани, а од 14:30 до 15:05 часот, со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Оризари.

Пожарникарите од ТППЕ Пробиштип од 11:52 до 13:45 часот, со  две противпожарни возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, трска и опожарена врата на магацин на месноста „Касапница“ (кај јаловиштето), а во период од 19:20 до 23:25 часот, со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, интервенирале на запалена ниска вегетација и „драка“ на површина од 10 хектари на месноста „Негрева Чешма“ кај село Стрисовци.

Пожарникарите од ТППЕ Виница од 13:30 до 15:30 часот, со едно противпожарно возило и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 0,5 хектари на месноста „Ила“.

Регионалниот ЦУК Велес, известува од ТППЕ Кавадарци дека во период од 14:30 до 15:30 часот, со седум пожарникари и три противпожарни возила интервенирале на плац за градежни материјали на Северен  булевар каде што гореле две кабини од камиони.

Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, известува дека во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 12:38 до 13:38 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во Бабин Дол, а од 15:00 до 15:45 часот, со  едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Којнаре.

Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане од  17:15 до 18:45 часот, со  едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки во село Срезовце, а во период од 19:00 до 20:00 часот, со едно противпожарно возило и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на село Сув Орах.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, известуваат дека во изминатото деноноќие имале по една помала интервенција.

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.119 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 36,76 отсто, а 63,24 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 60,35 отсто, кон Итната медицинска помош 32,98 проценти, а кон пожарникарите 5,61 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Пожарите и другите итни случаи се пријавуваат на единствениот повикувачки број 112 во ЦУК.

Можете да прочитате

УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации пред МНР за Бујар Османи

Митрески на средба со бугарскиот амбасадор: Да се промовираме позитивна реторика што може да придонесе за градење меѓусебна доверба

Собранието го донесе Законот за спорт