46-годишна жена од Кочани утрово била избодена по претходна расправија со свој сограѓанин.
Полицијата за „Макфакс“ потврдува дека, денеска, во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У. Р. (59) од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 6.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала таа, со остар предмет ѝ нанел убодни рани на Т. М. (46) од Кочани.
Жената, како што соопшти полицијата, починала на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот, против У. Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.