Утрински Весник
Култура

Проекција на „Кој тоа таму пее“ во Кинотеката и разговор со Слободан Шијан

Проекција на „Кој тоа таму пее“ во Кинотеката и разговор со Слободан Шијан

Култниот филм „Кој тоа таму пее“ на режисерот Слободан Шијан ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Проекцијата е во рамките на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, а со Шијан ќе разговара Александар Прокопиев, писател и уметнички директор на фестивалот.

dobivaj vesti na viber

Филмот снимен во 1980 година и кој бажи за најдобра комедија на сите времиња на југословенските простори, е дигитално реставриран. Сценариото на филмот е на Душан Ковачевиќ, а во главните улоги се појавува плејада од врвни југословенски и српски актери како Павле Вуисиќ, Александар Берчек, Данило Бата Стојковиќ, Драган Николиќ, Славко Штимац, Неда Арнериќ, Ташко Начиќ, Боро Стјепановиќ, Бора Тодоровиќ, Миливоје Томиќ и други.

Слободан Шијан (1946, Белград) е филмски режисер, сценарист, писател, публицист, сликар и мултимедијален уметник. Автор е на неколку најпопуларни српски играни филмови и низа публикации и книги за филмот и визуелната култура. Автор е на поетската проза за познатиот филм на Алфред Хичкок „Вртоглавица“ во издание на „Геопоетика“. Објавил повеќе книги за филмот, меѓу кои и книгата за Џон Форд. Самиздат фанзинот “Филмски летак“ кој го издавал во текот на седумдесеттите, е објавен заедно со нови есеи за филмот во истоимената книгата „Филмски летак (1976-1979) и коментари“, а за книгата „Кино Том“ во Хрватска во 2013 ја доби престижната награда на „Јутарњи лист“ за најдобра публицистичка книга.

Режисер е на некои од најпознатите филмови од Екс Југославија, како „Кој тоа таму пее“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Како бев систематски уништуван од идиот“, „Давител против давител“, „Тајната на манастирската ракија“, „Сироти мали хрчки“ и „С.О.С Спасете ги нашите души“, како и на повеќе телевизиски филмови и преку дваесет експериментални филмови и видеа. Во периодот од 1990-91 бил директор на Југословенската кинотека во Белград. Слободан Шијан е добитник на многу домашни и меѓународни признанија за своите филмски остварувања. Музејот на современата уметност во Белград во 2009 организирала изложба на неговите ликовни и мултимедијални дела под наслов „Слободан Шијан: Околу филмот“, која од Друштвото на историчарите на уметноста во Србија е прогласена за изложба на годината. Шијан ја доби и наградата Традиција на авангардата за допринес кон авангардната уметност. Шијан предавал филмска режија на Факултетот за драмски уметности и на Академијата за уметност во Белград, како и на Универзитетот Лолоја Меримаунт во Лос Анџелес и на угледната филмска школа при Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од

Скопје. Поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“