Утрински Весник
Свет

САД соопштија дека четири лица загинале во напад врз брод осомничен за шверц на дрога

Image 2026 09 20 103415555.png

Во американски воздушен напад врз брод со осомничени шверцери на дрога во Карипското Море загинаа четири лица.

Американската јужна команда соопшти дека четворица „нарко-терористи“ загинале во нападот врз пловниот објект, за кој САД тврдат дека „оперирал долж воспоставени рути за шверц на дрога“ во Карипското Море.


По налог на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, американската војска во повеќе наврати изврши напади врз пловни објекти во Карипското Море и во источниот дел на Тихиот Океан, како дел од напорите за разбивање на меѓународните мрежи за шверц на дрога.

Критичарите ги доведуваат во прашање ваквите американски операции во меѓународни води, сметајќи дека се спротивни на меѓународното право. Според официјалните податоци, во операциите против шверцерите на дрога досега загинале повеќе од 220 лица.

Можете да прочитате

Индонезијците протестираат против центрите за податоци: „Немаме вода“

Земјотрес со магнитуда од 5,7 ја погоди Јапонија, повредени повеќе од 20 лица

TikTok обвинет за помагање во промоција на порнографија меѓу девојчињата