Безбедносните камери во југозападниот марокански град Агадир снимија сина светлина на небото три минути пред разорниот земјотрес со јачина од 6,8 степени да ја погоди земјата.
На социјалните мрежи се шират снимки кои го покажуваат самиот момент на земјотресот. Сината светлина е видлива и на тие снимки.
Земјотресот во Мароко досега однесе повеќе од 2.800 животи, а 2.500 се повредени.
Иако е плодна почва за теоретичарите на заговор, тоа е природен феномен, пишуваат медиумите. „Нешнл џиографик“ пишуваше за овој феномен пред неколку години нудејќи научни одговори за него.
أحد الأخوان من المغرب الشقيق أرسل لي هذا المقطع الغريب من كاميرا مراقبة لمنزله في مدينة أغادير لحظة وقوع الزلزال…
ظهرت ومضات ضوء زرقاء غامضة في الأفق ولا أحد يعرف ماهي.
مع العلم أن هذه الأضواء ظهرت نفسها لحظة وقوع زلزال تركيا وسوريا قبل 7 أشهر.
هل يوجد لدى أحد تفسير؟ pic.twitter.com/q845XXSlYu
— إياد الحمود (@Eyaaaad) September 9, 2023
Кога земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико во 2017 година, на социјалните мрежи се појавија морничави слики од зелени и сини светла на небото. Таканаречените светла за земјотреси во Мексико беа уште еден мистериозен пример на феномен што ги збунуваше експертите стотици години.
هنا مقطع لحظة وقوع زلزال تركيا قبل 7 أشهر وتبدو ومضات الضوء الزرقاء ساطعة وواضحة في الأفق.pic.twitter.com/gX0Dsbhms1
— إياد الحمود (@Eyaaaad) September 9, 2023
Како топчести молњи светлата за земјотреси се релативно ретки и на научниците им е тешко да објаснат што точно претставуваат тие. Работата ја комплицира тоа што не сите случаи изгледаат исто, што предизвикува објаснувања, кои се движат од едноставни молњи до НЛО и феномени од светот.
„Светлините може да добијат многу разни форми и бои“, изјави Фридеман Фројнд, професор по физика на Државниот универзитет во Сан Хозе и истражувач во истражувачкиот центар „Ејмс“ на НАСА во интервју за „Нешнл џиографик“ во 2014 година.
Фројнд и неговите колеги проучувале 65 извештаи за такви светла, кои датираат од 1600 година, објавувајќи ги нивните наоди во 2014 година во списанието Seismological Research Letters.
На пример, на 12 ноември 1988 година луѓето пријавиле пурпурно-розова топка од светлина по должината на црквата „Св. Лоренс“ во Квебек, 11 дена пред силниот земјотрес. Во Писко, Перу, светлата се појавија во форма на силни блесоци, кои го осветлија небото, снимени од безбедносните камери пред земјотресот со јачина од 8 степени во 2007 година. Дури и пред земјотресот во 2009 година во Аквила, Италија, беше забележана мала светлина како трепери над камените улици.
Геолошкиот институт на САД е внимателен во врска со тоа дали постојат светла за земјотреси или EQL. „Геофизичарите се разликуваат за степенот до кој поединечните извештаи за необични светла во моментот и во близина на епицентарот на земјотресот всушност претставуваат EQL“, вели Институтот на својата веб-страница: „Некои се сомневаат дека секој поединечен извештај претставува цврст доказ за EQL, а други мислат дека барем некои извештаи убедливо се совпаѓаат со EQL“.