Утрински Весник
Македонија

ЛДП: 15.000 граѓани реагираа – Продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу

Ldp elektronska narakvicza za nasilniczi.jpg

Соопштение на ЛДП:

Народниот револт против институционалното слепило не запира! За помалку од три дена, 15.000 граѓанки и граѓани ставија свој потпис на петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронска нараквица за сторителите на семејно насилство! Ова веќе не е само иницијатива, ова е општествен фронт што секојдневно расте и кој јасно им порачува на властодршците – продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ!


Секој нов потпис нè носи чекор поблиску до побезбедна земја во која насилниците ќе носат електронска нараквица, а жртвите ќе ја имаат заштитата што државата е должна да им ја обезбеди. Срамно е што парламентарното мнозинство и понатаму молчи пред барањето на 15.000 граѓани, криејќи се зад процедури додека жените во Македонија секојдневно живеат во страв. Граѓаните веќе ја донесоа одлуката – тие бараат акција, а не политички калкулации и изговори што не држат вода.

ЛДП јасно порачува: нема да застанеме додека ова законско решение не биде изгласано во Собранието по итна скратена постапка, како што знаете да направите кога ви е од корист!

Ги повикуваме сите граѓани кои сè уште не се потпишале, да се приклучат на петицијата и да го дадат својот глас за превенција што спасува животи. Секој глас е глас против насилството, а народниот притисок е премногу силен за да можете да продолжите да го игнорирате!

Можете да прочитате

Кристи Мекормик предложена за амбасадорка на САД во Македонија

ЦУК: Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани