Утрински Весник
Македонија

Македонија во портокалово и денеска, температури до 40 степени

Македонија во портокалово и денеска, температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=10

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.

Можете да прочитате

Професори, пејачи и инфлуенсери на платен список на Државна лотарија

СДСМ: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е дефокус, анти ЕУ кампања, криминал и корупција

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”