Утрински Весник
Македонија

Пронајдени девет лица мигранти, уапсени двајца криумчари

Migranti.jpg

На 11.10.2026 во 16:50 часот во блиизна на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициксата станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода Б.К.(39) од Скопје. При преглед во возилото „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои пет од Авганистан и две од Египет. Околу 18:30 часот биле обезбедени уште две лица мигранти од Египет кои биле дел од групата, а кои не влегле во возилото на место викано Краварски пат. Во врска со настанот, а поради сомнение за сторено кривично дело по член 418 – Б од Кривичниот зкаоник, на 12.10.2026 во 00:05 часот од слобода бил лишен и 17-годишник од Египет со привремен престој во Грција.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Б.К. и 17-годишникот се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


Можете да прочитате

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешкото значење ќе биде поголемо 

Обвинителството: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство