Утрински Весник
Македонија

Одреден притвор за Здравев, експретредател на Советот на Центар – се бара и за Тодоровиќ

Одреден притвор за Здравев, експретредател на Советот на Центар – се бара и за Тодоровиќ

Одредени се дел од притворите побарани за осомничените по се поврзуваат со случајот „Скопје 2014“ односно поставувањето на десетина споменици во Скопје, дознава „Макфакс“. Едно од лицата е Владимир Здравев, експретседавачот со Советот на Центар. Притворот му е во траење од 30 дена. Тој беше уапсен на „Табановце“ при обид за излез од Македонија.

dobivaj vesti na viber

Се бара притвор и за Владимир Тодоровиќ, ексградоначалник на Центар и сопственик на маркетите „Тинекс“. За него се уште судија на претходна постапка, не одлучил дали мерката побарана од обвинителот ќе биде уважена. Бидејќи е во бегство, мерка не е побарана за Никола Груевски кој исто така е обвинет. Непознато е дали се бараат мерки за Елизабета Канческа-Милевска и Зоран Ставрески, кои се второ и трето обвинети.

Експретседателот на Советот, Владимир Здравев, се сомничи за перење пари. Според истрагата, тој бил линкот меѓу Македонија и лицата од Италија, кога спомениците се купувале од Општина Центар по дупли цени од оние по кои се набавувале од италијанските фирми.

„Макфакс“ проба да стапи во контакт со Канческа-Милевска, во врска со предметот во кој е осомничена – но таа не одговори на нашиот повик.

Побарани се седум мерки притвор.

Можете да прочитате

Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари вкупно за шест убиства

Приведен охриѓанец, на сила одзел телефон на женско лице, нападнал полициски службеници и во домот поседувал дрога