Вчера во 19.30 часот во с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишиле од слобода О.Ј.(48) од с.Слоештица. Тој бил затекнат од ловочувар при незаконит лов, односно при поставување опрема – челични сајли за нелегален лов на дивеч. Пронајдените предмети биле одземени, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден во 14.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Ресен, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Г.Д.(55) во с.Наколец, ресенско. При претресот биле пронајдени и одземени 10 ловечки патрони калибар 16 мм и куршуми калибар 30.06 мм. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.