Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца ловџии, едниот фатен при незаконит лов

Приведени двајца ловџии, едниот фатен при незаконит лов

Вчера во 19.30 часот во с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишиле од слобода О.Ј.(48) од с.Слоештица. Тој бил затекнат од ловочувар при незаконит лов, односно при поставување опрема – челични сајли за нелегален лов на дивеч. Пронајдените предмети биле одземени, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

dobivaj vesti na viber

Истиот ден во 14.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Ресен, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Г.Д.(55) во с.Наколец, ресенско. При претресот биле пронајдени и одземени  10 ловечки патрони калибар 16 мм и куршуми калибар 30.06 мм. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. 

Можете да прочитате

Расчистено пукањето од 08 август во тетовско, уапсени три лица

Ахмети повика на предвремени избори „Ситуацијата во земјава не треба дополнително да се влошува“

Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче – под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје, велат од СДСМ