Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Се грижиме за стандардот на граѓаните, намалени цени за уште 11 прехранбени производи

СДСМ: Се грижиме за стандардот на граѓаните, намалени цени за уште 11 прехранбени производи
Dik 300x250 mk

СДСМ со конкретни мерки продолжува со грижата за граѓаните и нивниот животен стандард, велат од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

Владата, како што прецизираат, предводена од СДСМ со последната одлука, ја прошири листата на производи со замрзнати цени, со 11 дополнителни производи.

„Утврдена е максимална цена од 70 денари за килограм свеж домат, 75 денари за килограм свежа краставица, 90 денари за килограм зелени пиперки, 75 денари за килограм грав, 55 денари за килограм лимони и портокали и 70 денари највисока цена за килограм банани. Се намалуваат и цените на леќата, кромидот, карфиолот и на мандарините. Со оваа одлука одредени земјоделски производи, како пиперката, гравот и доматот, ќе поевтинат и за повеќе од двојно во споредба со најзастапената цена во малопродажба на 21 март оваа година. Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари. Млекото и млечните производи се поевтини за 10 отсто, а пониски цени имаат и тестенините, јајцата, оризот и хигиенските производи“, се истакнува во информацијата од страна на СДСМ.

Овие мерки, според СДСМ, се во насока на заштита на стандардот на граѓаните, како и за забавување на растот на инфлацијата во државата.

Со СДСМ, додаваат од партијата, никој не е оставен сам да се справува со последиците од кризата, но и не дозволуваме некој да профитира врз грбот на граѓаните.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински”

Почнува акцијата „72 часа чисто Скопје“ – Ѓорѓиевски го стартува ветувањето за почист град

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган