Жените во Берлин сега можат да пливаат топлес во јавните базени доколку сакаат, исто како и мажите, објави Си-Ен-Ен.
Мерката, иако е поздравена како чекор напред кон родовата еднаквост во германската престолнина, е дел од „културата на слобода на телото“ и има корени од 19 век.
Властите во Берлин презедоа акција откако, во декември 2022 година, една жена рече дека ѝ е забранет влез во градскиот базен освен ако не ги покрие градите.
Таа поднесе жалба до омбудсманот на градското Министерство за правда, а властите се согласија дека жената е жртва на дискриминација и рекоа дека сите посетители на базените во Берлин, вклучително и жени и луѓе кои се идентификуваат како небинарни, можат да влезат топлес.