Утрински Весник
Македонија

Рашковски зборуваше за придобивките од системот за сообраќајни прекршоци, но не и за начинот на набавка

Рашковски зборуваше за придобивките од системот за сообраќајни прекршоци, но не и за начинот на набавка
300x250 (7)

Обвинетиот Драги Рашковски кој се гони за нелегална набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, во изјавата за медиумите не кажа ниту збор за начинот на кој државата го купила од фирмата „Инвока груп“. Тој се осврна на обвинителката Ивана Трајчева и тоа што таа не дошла денеска да го испрашува и зборуваше за придобивките од имплементација на софтверот.

dobivaj vesti na viber

„ Бевте сведоци кои биле намерите, кои се придобивките од системот. И она што се очекуваше е убав проект на кој сите ќе му се радувавме. Синдромот на нинџа, вие да барате, да некој од обвинетите признае нешто што не е, за да ги заглавите другите – проба обвинителката да го направи. Секој ќе си го каже своето, како бил третиран. Мојата поента е дека преку вас јавноста да се запознае кои се бенефитите од двата системи кои се набавени. Тоа не е некоја сума која државата ја оптеретила, тоа е надвор од 2-3 отсто што за таа намена се користат во светот“, кажа Рашковски па споредуваше колку Велика Британија потрошила за вакви системи.

300x250 (7)

Тој ги правдаше и другите осомничени во процесот.

„ Да дозволеше Обвинителството целиот процес да го истераме и да не тераше ништо на сила, се со цел да задоволи нечие его, до сега тој систем ќе беше во многу понапредна фаза на реализација“, кажа Рашковски.

Во текот на судењата, беа презентирани пораки разменувани помеѓу броевите на Рашковски и лица од фирмата „Инвока груп“. Во нив, се зборуваше за реализација на тендерот. На едно од рочиштата, вештак на Обвинителството сведочеше и дека софтверот воопшто не може да се уклучи, ако се води според упатството.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ