Утрински Весник
Спорт

ФИФА потврди: На следното СП 48 екипи поделени во 12 групи

ФИФА потврди: На следното СП 48 екипи поделени во 12 групи

ФИФА ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство.

dobivaj vesti na viber

Од 2026 година на првенството ќе одат 48 репрезентации наместо досегашните 32. Во првото коло ќе има 12 групи по четири селекции, а потоа сите прво и второпласирани селекции и осумте најдобро третопласирани од групите ќе играат во нокаут фазата. Тоа значи дека за 39 дена ќе се одиграат 104 натпревари. Досега се играа 64 натпревари во формат со 32 репрезентации.

Ова значи дека ФИФА ќе добие уште 40 натпревари во своето најголемо натпреварување.

Од дополнителните 16 репрезентации на Мундијалот, четири места доби Африка, три Азија и Европа, две Северна и Јужна Америка и едно Океанија.

Последниот учесник ќе биде одреден со интерконтинентална ждрепка. Европските квалификации ќе започнат во март 2025 година и ќе траат една година.

Светското првенство во 2026 година ќе биде првото во историјата организирано во три држави: САД, Мексико и Канада.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали