Утрински Весник
Свет

Трамп: Бајден ја турна Русија право во рацете на Кина, што доведе до формирање на руско-кинескиот сојуз

Трамп: Бајден ја турна Русија право во рацете на Кина, што доведе до формирање на руско-кинескиот сојуз

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, дека со својата надворешна политика довел до формирање на сојуз меѓу Русија и Кина.

dobivaj vesti na viber

– Администрацијата на Бајден ја турна Русија право во рацете на Кина. Ова е неприфатливо. Кога детето учи историја, разбира дека никогаш не сакате Русија и Кина да се здружат и да создадат сојуз – рече Трамп на собирот на неговите поддржувачи во Ајова.

Тој не прецизираше каде конкретно погрешил Бајден, но поранешниот претседател претходно изјави дека нема да дозволи конфликт во Украина, кој според него се заканува да се претвори во трета светска војна.

– Бајден го направи токму тоа. Сега имаат голем убав сојуз. Тие ја турнаа Москва право во рацете на Пекинг. За Кина тоа беше како да земаш бонбони од дете. Беше многу едноставно – заклучи Трамп.

Доналд Трамп планира повторно да се кандидира за претседател на САД во 2024 година,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година