Утрински Весник
Македонија

Поради магла намалена видливоста на планинските премини

АМСМ: Намалена видливост на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка е намалена до 20 метри, а на планинските премини Стража, Ѓавато и Плетвар до 50 метри.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

17 дена пред „АЛТА банка“ Белград да ја загуби дозволата, Владата предложила измени за користење на парите за обештетување на штедачите

Кривична за девет полицијаци за случајот со Росица

Вечерва во „Ноќно студио“: Една година од првото рочиште за „Пулс“ – на кои прашања семејствата сe уште бараат одговор?