Единаесет дена по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 43.000 луѓе, меѓународните хуманитарни агенции ги засилуваат напорите да им помогнат на милионите бездомници, од кои многумина спијат во шатори, џамии, училишта или автомобили.
Две лица беа извлечени живи од урнатините во Турција во четвртокот, но таквите исходи стануваат се поретки како што одминува времето. Гневот преовладува меѓу населението, а надежта постепено умира.
Како што објавија локалните власти во петокот, во земјотресот загинаа најмалку 38.044 луѓе во јужна Турција, а властите во соседна Сирија објавија 5.800 загинати.
Покрај спасувањето, во тек е и чистење на урнатините и санација на објектите. Некои од нив се толку оштетени што се многу опасни за околното население. Турскиот медиум Сабах објави видео на кое тоа го покажува.
Како што пишуваат, Ведат Јилдирим со багер работел на една таква зграда во областа Антакија. Зградата потоа почнала да се урива, а мажот избегал во последен момент.
„Кога сфатив дека зградата ќе се урне, веднаш скокнав од багерот и почнав да трчам. Одеднаш се крена прашина на сите страни. Не знаев каде да бегам“, изјави тој за турската НТВ.
ÖLÜMDEN SANİYELERLE KURTULDU#Antakya’da enkaz bölgesinde çalışma yapan iş makinasının operatörü Vedat Yıldırım, binanın yıkılacağını anlayınca saniyeler içerisinde kendini dışarıya atmayı başardı. #deprem pic.twitter.com/ezU4qeuDH8
— Sabah (@sabah) February 16, 2023