Утрински Весник
Култура

„МКЦ е Солидарност!” – хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во Турција и Сирија

„МКЦ е Солидарност!” – хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во Турција и Сирија
300x250 (7)

В сабота, на 18 февруари со почеток во 19 часот, во Младинскиот културен центар ќе се одржи хуманитарен настан насловен „МКЦ е Солидарност!” за помош на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на настанот ќе настапат музичките групи Дориан и Добрила дуо, Џенгиз Ибрахим, Зарина Првасевда, Cruel, Занаду, Vaigna Corporaiton и Калата.

300x250 (7)

„Со оглед на последните случувања во врска со катастрофалниот земјотрес кој ги погоди централниот дел на Турција и северна Сирија, ЈУ Младински културен центар како институција основана во пост земјотресно Скопје, како проект на светската солидарност, чуствува должност и потреба да се вклучи во хуманитарните настани кои се случуваат во овие тешки денови и даде свој придонес за помош на погодените семејства“, велат од МКЦ.

Покрај музичкиот дел, ќе се случи и аукција на ликовни дела од локални уметници, како и изведба на театарската претстава „Шопинг енд факинг” во продукција на НУ Турски театар Скопје.

Влезниците за театарската претстава и музичкката програма се наплаќаат засебно, по симболична цена од 150 денари, со можност публиката да откупи и повеќе билети. Собраните средства од аукцјата на ликовните дела ќе бидат исто дел од сумата за донација.

Хуманитарната помош ќе се исплати во целост и донира на сметките отворени за оваа намена преку Црвениот крст, додека средствата од делата продадени на аукцијата ќе бидат донирани во поставените кутии од Црвениот крст на Град Скопје.

Во Џебното кино, е закажана бесплатна проекција на серијалот “Турски чај” во режија на Петра Селишкар.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“