Утрински Весник
Спорт

Стопанскиот суд во Мадрид пресуди во корист на Суперлигата

Стопанскиот суд во Мадрид пресуди во корист на Суперлигата

Суперлигата, идеја која постоеше само 48 часа, ја доби првата рунда во битката против УЕФА и ФИФА. Желбата, на Реал, Јувентус и Барселона, како најупорни да ја спроведат идејата наскоро би можела да стане реалност.

dobivaj vesti na viber

Стопанскиот суд во Мадрид ја прифати жалбата на „А22 Спортс“, наведувајќи дека Суперлигата има легитимитет и дека клубовите кои се дел од неа не можат да бидат санкционирани од УЕФА и ФИФА, пренесува „Тутомеркато“.

Затоа, можно е да се создаде независно и алтернативно натпреварување бидејќи „ФИФА и УЕФА не можат да ги оправдаат своите негативни ставови кон натпреварувањето како да се единствените чувари на одредени европски вредности, особено ако тоа води кон монопол што ја исклучува и инхибира иницијативата на конкуренцијата и претставува злоупотреба од субјекотот кој е во доминантна позиција“.

Пресудата на судот во Мадрид им наредува на ФИФА и УЕФА да се воздржат од преземање какви било мерки или дејствија и од издавање какви било изјави „кои директно или индиректно ја попречуваат подготовката или развојот на Суперлигата и исто така им забранува на фудбалските институции да објавуваат или да се закануваат со какви било дисциплински или казнени мерки, против клубовите, челниците и членовите на клубовите кои учествуваат во подготовките на Суперлигата“.

Инаку, официјалната веб-страница на Суперлигата се уште постои. Сè уште има список од 12 клубови (Милан, Арсенал, Атлетико, Барселона, Интер, Манчестер Сити, Челзи, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем), како и разработен систем на натпреварување…

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата