Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата која ја предводи тој имала цел да ја внесе македонија во ЕУ до 2030 година, а за него целта не била невозможна.
„Јас и Владата имаме јасна цел, во ЕУ до 2030 година. Многумина велат дека тоа е многу амбициозна цел, но јас ќе речам дека не е невозможна. На граѓаните им е важно да има квалитетни места, спроведување на законите, ефикасна администрација, европски плати и европско образование. Квалитетен живот, сигурност и стабилност, тоа не е претерано. Затоа е потребно да се забрза трансформацијата на општеството при преговореите со ЕУ“, рече Ковачевски.
Текот на скрининг процесот се одвива со предвидено темпо и оваа динамика мора да се задржи во текот на преговорите, порача тој.
„Јас сум свесен и за одговорностите и предизвиците, но некои одлуки треба да ги донесеме поради сите граѓани на Северна Македонија. Вие пратениците мора да покажете единство поради нашите граѓани.Процесот е сложен и бара силна волја, не поради ЕУ туку поради нашите граѓани. Имаме силна подршка од државите членки. Имаме пријатели и сојузници во ЕУ и сега се е во наши раце“, додаде премиерот.
Орце Костов