Утрински Весник
Спорт

Се подготвуваат револуционерни промени во фудбалот

Се подготвуваат револуционерни промени во фудбалот

Телото задолжено за промена на правилата на фудбалската игра, ИФАБ, сериозно размислува за радикални промени кога станува збор за должината на фудбалските натпревари. Како што наведува британски „Тајмс“, ќе бидат разгледани три предлози кои би можеле да се воведат во иднина.

dobivaj vesti na viber

Првата е драстично да се зголеми времето на судиско продолжение, како што беше случајот за време на Светското првенство во Катар, втората е да се подобрат сегашните правила и третата е да се запре времето кога топката не е во игра.

Тој трет предлог е најреволуционерен, а го поддржува и потпретседателот на Арсенал, Дејвид Деин.

„Не велам дека секогаш треба да се запира времето, но тоа треба да се случува за голови, замени, пенали, повреди и за прегледување на ВАР снимки“, изјави Деин, амбасадор на Премиер – лигата.

Денес ИФАБ ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за потенцијалните опции. Извесно е дека од одлуката до нејзиното спроведување ќе поминат најмалку две години.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка