Утрински Весник
Македонија

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти

20261018093451 big 730x400 21.webp.webp

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 13 часот утринава изнесува 20,50 отсто, односно своето право на глас го оствариле 3.331 избирач, информира Државната изборна комисија. Споредено со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 1.48 проценти.

-Според пресекот направен во 13 часот и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 3.331, или изразено во проценти 20.50 отсто, се вели во соопштението од ДИК.


Во однос на заштитата на личното избирачко право, од Државната изборна комисија информираат дека до 13 часот се пристигнати шест приговори, од кои три се усвоени, додека три приговори се одбиени како неосновани.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15:30 која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Можете да прочитате

Засилени сообраќајни контроли во Скопје

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица, запленети дрога, оружје и муниција

Во Скопје уапсени двајца турски државјани осомничени за обид за убиство