Утрински Весник
Македонија

Османи на средба со министерот за трговија и индустрија на Египет, Салех

Османи на средба со министерот за трговија и индустрија на Египет, Салех

Во рамки на работната посета на Арапската Република Египет, министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со министерот за трговија и индустрија на Египет, Ахмед Самир Салех.

dobivaj vesti na viber

Османи и Салех ги реафирмира добрите билатерални односи и континуираниот раст на трговска размена во различни области како што се земјоделството, прехранбената, текстилна индустрија, и слично.

Двајцата соговорници се осврнаа на економскиот потенцијал на двете земји за размена на храна и земјоделски производи во насока на подобро справување со актуелните предизвици поврзани со безбедноста на храната и потребата од диверзификација на залихите со храна.

“Имаме висококвалитетни земјоделски производи и потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и затоа треба да вложиме напори и да ја искористиме секоја можност за натамошно зајакнување на трговската размена меѓу нашите земји“ – порача Османи.

Во овој контекст, Османи го информираше соговорникот за посветеноста на Владата во насока на интензивирање на економската дипломатија и креирањето на поволни услови за странските инвеститори со цел идентификување на Северна Македонија како доверлив и транспарентен економски партнер за реализација на нивните проекти.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон